Зеленски одбива преговори плашејќи се да не го убијат?
Руската страна тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се плаши да оди на преговори за да не го убијат.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев вчера изнесе вакво тврдење.
Тврди дека Зеленски не сака преговори затоа што тоа е опасно за него, наведувајќи дека доколку ги признае териториите под руска контрола, војската и националистите ќе го убијат. Зеленски неодамна изјави дека „почитувањето на Повелбата на Обединетите нации и компензацијата за загубите“ се услови за почеток на мировните преговори со Русија, кои Москва ги смета за неприфатливи.
„Мир во Украина ќе биде можен само ако се вратат границите на земјата од 1991 година“, изјави денес Андриј јермак, помошникот на претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател денеска изјави дека Русија сега бара кратко примирје, за да ги обнови силите, бидејќи на сегашниот начин, како што тврди, нема да успее да ја заврши војната.
