Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски обвини за тероризам во Мариупол

Зеленски обвини за тероризам во Мариупол

Мариупол страда, ова е мачење и омраза, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Тој имаше обраќање во Чатам Хаус и кажа дека Русија не верува дека ќе биде осудена за воените злосторства. 

„Русија отворено зборува за нуклеарно оружје. Времето кое им е потребно да погодат европски градови, тоа го прават затоа што мислат дека никој ништо не им може. Ниту една меѓународна организација не може да влезе во градот. Оваа нечовечност и суровост е начинот на кој руската армија се однесува со луѓето. Смртта не е предизвикана од војна. Ова не е воен настан. Ова е мачење до смрт. Ова е тероризам и омраза“, изјави Зеленски. 

Кажа дека би прифатил мировен договор со кој руските војници ќе се вратат на позициите што ги имаа ден пред почетокот на инвазијата, објави Би Би Си. Зеленски вели дека за да дојде со договор, треба да има дипломатски договор. 

Амнести интернешнал предупреди дека има докази за руски злосторства во Украина. 

Има убедливи докази дека руските трупи извршиле воени злосторства, како и егзекуција на цивили, откако ги окупираа областите околу Киев во февруари и март, пренесува Ројтерс.

Слично

Поврзани вести