Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски обвини две држави дека го блокираат ембаргото за Русија

Зеленски обвини две држави дека го блокираат ембаргото за Русија

Eвропските земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта заработуваат од туѓа крв, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски ги издвои Германија и Унгарија, обвинувајќи ги дека го блокираат процесот на ембарго. Тој објасни дека Русија може да заработи до 250 милијарди фунти од продажбата на енергенси оваа година и тоа е пораст за повеќе од една третина во споредба со лани. 

„Некои од нашите пријатели и партнери сфаќаат дека сега е поинакво време, дека веќе не е прашање на бизнис и пари. Ова е прашање на опстанок“, рече Зеленски.

 Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа го дестабилизира енергетскиот пазар со забрани за увоз. Тој рече дека Русија треба да го диверзифицира својот извоз на енергија во Азија. Руски „Газпром“ претходно објави дека редовно ѝ испорачува гас на Европа. 

foto Facebook

Слично

Поврзани вести