Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски обвини дека Русија уценува со снабдувањето со храна за да се спаси од санкции

Зеленски обвини дека Русија уценува со снабдувањето со храна за да се спаси од санкции

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, Русија го користи прашањето за снабдување со храна во обид да избегне меѓународни санкции.

Тој денеска ја замоли Франција да не потпадне под руски „уцени“ поради снабдувањето со храна. Украина тврди дека Русија го краде житото и опремата за земјоделство од област во Украина која ја контролира руската војска.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена да овозможи непречен извоз на жито од украинските пристаништа во координација со Турција, се наведува во соопштението на Кремљ за разговорот на двајцата лидери.

Украинската област Херсон почна да извезува жито од минатогодишната реколта во Русија, изјави денеска за ТАСС Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната управа на тој регион, кој е под контрола на руските сили.

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел денеска изјави дека е целосно убеден оти ЕУ ќе постигне договор за шестиот пакет санкции против Русија.

Слично

Поврзани вести