Зеленски обвини дека над половина милион Украинци се пратени во далечни руски региони за да се асимилираат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека над 500.000 Украинци се депортирани во Русија од почетокот на руската војна во Украина.
Зеленски ова го кажа на обраќањето пред Парламентот на Исланд.
„Тие беа принудени да одат таму. Документите и средствата за комуникација им се одземени. Тие се испраќаат во далечните региони на таа странска земја за да се асимилираат таму“, рече Зеленски.
Тој потенцираше дека бројот на депортирани Украинци го надминува вкупното население на Исланд, пренесе Си-Ен-Ен.
Најголем дел од бегалците заминаа во Полска. Неколку милиони луѓе поради војната избегаа од Украина.
Слично
