Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ НОВИ ФОТОГРАФИИ ОД ВОЈНАТА - Заедно ќе ја обновиме нашата татковина

ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ НОВИ ФОТОГРАФИИ ОД ВОЈНАТА - Заедно ќе ја обновиме нашата татковина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот фејсбук профил објави серија фотографии од војната во Украина. 

Тој им се заблагодари на сите кои учествуваат сплотени во одбраната на нивната татковина. Вели дека заедно го издржале ударот и заедно ќе ја обноват државта.

„Секој војник на линиите на одбраната.

Секој лекар кој спасува животи.

Секој пожарникар кој запира пожар.

Секој претприемач кој продолжува да работи.

Десетици и десетици претставници на други професии. Милиони луѓе кои станаа едно. Супермоќ на духот.

Програмери кои се приклучија на информативните трупи.

Сите што отидоа во одбрана.

Наставници и воспитувачи кои не оставаат деца.

Полицијата.

Владини претставници.

Сите заедно го издржавме ударот. Сите заедно ќе ја обновиме нашата држава“, пишува Зеленски на својот фејсбук профил.


Слично

Поврзани вести