Зеленски објави колку деца загинале досега во војната во Украина
Во војната во Украина загинаа голем број деца.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најмалку 117 деца досега се убиени откако Русија ја почна инвазијата.
„Но, 117 нема да биде конечниот број. Тие продолжуваат да убиваат“, вели Зеленски.
Зеленски ја повика Италија да ги замрзне руските средства и да ги конфискува луксузните стоки, како што се јахтите, тврдејќи дека тоа е неопходно за да го запрат рускиот претседател Владимир Путин.
„Треба да запрете само еден човек за да преживеат милиони луѓе“, изјави украинскиот претседател.
Вели дека претходно телефонски разговарал со папата Франциск, кој го охрабрил во борбата на армијата за слободата на Украина.
Порача дека Украина ќе се откаже од членството во НАТО, во замена за прекин на огнот и повлекување на руските трупи. Денеска е 27-от ден од почетокот на војната. На 24-ти минатиот месец, Русија ја нападна Украина, а претходно рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск, делови од Украина кои се населени со руско малцинство. Голем дел од нив добиле и руско државјанство.
