Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски објави дека украинските сили напредуваат во Донбас

Зеленски објави дека украинските сили напредуваат во Донбас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украинските сили напредуваат во Донбас. 

Вели дека украинските сили ги држат своите позиции против руските војници во источниот регион Донбас и постигнуваат одреден напредок во некои области.

„Во целина, ги држиме своите позиции. Има и некои области на фронтот каде што правиме одреден напредок. Киев ја зајакна својата противвоздушна способност и дополнително ќе ја зајакне во новата година за да се заштити себеси и целиот европски континент“, рече Зеленски.

Сепак, „Гардијан” пишува дека тврдењата на Зеленски не може независно да се проверат. 

„Можеби звучи парадоксално, но воената поддршка за Украина е најбрзиот пат до мир“, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. 

Тој изјави дека западната воена помош за Украина е она што е потребно за да има мир во најкус можен рок. Инвазијата на Украина почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести