Зеленски објави дека си ги враќаат окупираните територии и дека ништо нема да остават на непријателот
Украина нема да остави ништо на непријателот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека Украинците зазеле дури 1.015 населени места. Тој рече дека постепеното ослободување на регионот Харков докажува дека Украина никогаш нема да остави ништо на рускиот непријател.
„Таму враќаме струја, вода, врски, транспорт, социјални услуги. Тоа е важно. Се разбира, се сеќаваме на секој град и на секоја заедница што се уште е под окупација. Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Енерходар, Мариупол и сите градови и населени места во Донбас“, рече Зеленски.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека преговорите со Русија за евакуација на украинските борци од фабриката за челик Азовстал биле „многу тешки“ и дека нивниот исход можеби нема да биде задоволителен.
Украина веројатно ја доби битката кај Харков, вториот по големина град во земјата, објави во својата најнова анализа Институтот за проучување на војната. Украинските сили спречија опсада и заземање на Харков, а потоа ги протераа руските војници. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Постои страв од проширување на војната.
Јужна Осетија на 17 јули преку референдум ќе одлучи дали ќе стане дел од Русија.
Украина сака да вооружи милион луѓе за „нова, долга фаза на војна“.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников се надева дека ќе вооружи милион борци.
foto Printskrin
