Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски објави дека битката за Донбас почна, Украинците ќе се борат до крај

Зеленски објави дека битката за Донбас почна, Украинците ќе се борат до крај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека почна битката за Донбас која долго се спремаше. 

Тој изјави дека нема да се предадат, и ќе се борат до крај.  Во Донбас зоната на воени судири се протега цели 480 км. Американското разузнавање објави дека руските сили значајно ги засилиле своите сили во источна Украина, минатите денови, по повлекувањето од поширокиот регион околу главниот украински град Киев. 

Мариупол, градот – пристаниште на Азовското море, пред војната имаше над 400.000 жители, а со неговата контрола, Русија ќе добие коридор по земја низ кој ќе може од полуостровот Крим, да ги засилува трупите во Источна Украина и да ги обиколи украинските сили кои го бранат Донбас. Руските сили потврдија дека ноќеска бомбардирале повеќе од 1.260 воени цели во Украина.  Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести