Зеленски објасни дека не повикал на нуклеарни напади на Русија, туку зборот кажан на украински е погрешно преведен
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Би Би Си ги коментираше руските нуклеарни закани. Смета дека неговиот руски колега, Владимир Путин веќе ги подготува Русите за нуклеарна закана.
„Тие почнуваат да го подготвуваат своето општество. Тоа е многу опасно. Тие не се подготвени да го направат тоа, да го користат. Но, тие почнуваат да комуницираат. Тие не знаат дали ќе го користат или не. Мислам дека е опасно дури и да се зборува за тоа“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател објасни дека вчера не повикал на нуклеарни напади врз Русија, велејќи дека зборот што го кажал на украински е погрешно разбран.
„По тој превод, тие (Русите) направија свој и самите почнаа да го преведуваат во други правци“, рече Зеленски.
Претседателот кажа дека е неопходно да се дејствува сега бидејќи „заканите на Русија се ризик за целата планета“.
Зеленски ги повика Русите „да се борат за своето тело, права и душа“.Тој претходно бараше уште оружје од европските земји, да за може Украина да победи.
