Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски објасни дали и какви отстапки би прифатил

Зеленски објасни дали и какви отстапки би прифатил

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги наведува можните отстапки од мировниот договор. 

Кажа дека би прифатил мировен договор со кој руските војници ќе се вратат на позициите што ги имаа ден пред почетокот на инвазијата, објави Би Би Си. Зеленски вели дека за да дојде со договор, треба да има дипломатски договор. 

„Од наша страна не се изгорени сите дипломатски мостови“, кажа претседателот. 

Зеленски не го спомна конкретно Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.  Не е јасно што ќе се случи со Доњецк и Луганск на истокот на Украина кои се делумно под контрола на проруските сепаратисти од 2014 година. Претходно, Зеленски изјави дека нема да прави отстапки со територии во замена за мир. 

Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Неколку рунди преговори завршија без договор. 

Слично

Поврзани вести