Зеленски нуди помош за Романија, им кажа и на ЕУ што треба да направат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази поддршка за Романија по инцидентот со руски дрон што погоди станбена зграда во романскиот град Галац. Тој порача дека Украина е подготвена да му помогне на Букурешт на секој потребен начин.
„Подготвени сме да ја поддржиме Романија на секој начин што е потребен во овие околности“, изјави Зеленски.
Тој повика Европската Унија(ЕУ) да усвои нов пакет силни санкции против Русија, оценувајќи дека Москва мора да ги почувствува последиците од своите напади.
„Сметаме дека новите санкции на Европската Унија треба да бидат навистина силни и да ја натераат Русија да почувствува дека нејзините напади носат големи загуби и за самата неа“, рече украинскиот претседател.
Зеленски нагласи дека меѓународниот притисок врз Кремљ мора дополнително да се засили за да се спречи продолжување или проширување на војната.
Осврнувајќи се на ноќните руски напади, тој изјави дека руските сили намерно ја нападнале Одеската област, која се граничи со Романија.
Две лица се повредени по нападот во Романија.
Романија вети дека ќе има одговор за Русија за нападот.
И македонските власти го осудија нападот кој се случи во Романија.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
