Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Новото оружје со долг дострел од украинско производство успешно стигна до целта оддалечена 700 километри

Зеленски: Новото оружје со долг дострел од украинско производство успешно стигна до целта оддалечена 700 километри

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се пофали дека развиле оружје со долг дострел. 

„Новото оружје со долг дострел од украинско производство успешно стигна до целта оддалечена 700 километри“, рече Зеленски на 31 август. 

Тој не сподели каде и кога е извршен нападот, пренесува КиевИндепендент. Ден претходно, Русија објави масовен бран напади со беспилотни летала врз нејзините западни региони. Во нападот, најголем од својот тип на руска територија во војната, беа уништени четири воени транспортни авиони стационирани во Псков, соопшти украинската војска.

Минатата недела Украина сподели детали за тоа како самата се вооружува и произведува поморски дронови. 

„Земјата сега може масовно да ги произведува овие беспилотни летала“, изјави на 24 август шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов.

Тој не кажа колку поморски беспилотни летала има на располагање Украина, туку дека Украина не прави „еден или два во гаражи“. На руска територија редовно има напади со дронови. Се случуваше поради напади со дронови, да не работат московските аеродроми. 

Слично

Поврзани вести