Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски никогаш нема да го признае Крим како руска територија

Зеленски никогаш нема да го признае Крим како руска територија

Не сум подготвен да дадам ниту еден дел од територијата во замена за мир, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Тој во интервју за емисијата „60 минути“ на Си-би-ес,  рече дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната.  Зеленски вели дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија и покрај тоа што полуостровот беше анектиран од Русија во 2014 година.

Зеленски изјави дека Украинците си го бранат правото на живот.

„Никогаш не мислев дека ова право е толку скапо. Тоа се човечки вредности што Русија не може да избира што да правиме и како јас да ги искористам моите права. Тоа право ми го дадоа Бог и моите родители“, рече Зеленски.

Зеленски изјави и дека е подготвен да си го даде и животот за својата земја.

„Не сакам да изигрувам херој. Го сакам моето семејство. Сакам да живеам уште многу години, но помеѓу бегството и да бидам со мојот народ, секако дека сум подготвен да си го дадам и животот за мојата земја“, вели Зеленски.

Зеленски, најави одлучувачка битка во војната во Донбас, каде што се концентрирани голем број војници и опрема.

На прес-конференција по разговорот со австрискиот канцелар Карл Нечамер, Зеленски рече дека тоа ќе биде тешка битка и дека верува во победата на Украина.

Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Русите сметаат дека прашањето за Крим е затворено и за тоа воопшто не сакаат да разговараат. Освен Крим, тие бараат Украина да биде воено неутрална, да се денацифицира, а воедно бараат и припојување на Доњецк и Луганск, региони каде живее руското малцинство во Украина. 

Слично

Поврзани вести