Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Нема лекови за болните од рак во демолираните болници, нема инсулин ...

Зеленски: Нема лекови за болните од рак во демолираните болници, нема инсулин ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во руските напади врз Украина се уништени стотици болници и други институции, а лекарите останале без лекови за лекување на рак и дека не можат да вршат операции. Во видео порака до хуманитарната медицинска организација, Зеленски рече дека на многу места на истокот и југот на Украина, каде што се водат главните битки, недостасуваат дури и основни антибиотици.

„Нема лек за ракот, скоро и да нема инсулин...“

„Ако ја погледнеме само медицинската инфраструктура, до денес, руските сили уништија или оштетија речиси 400 здравствени установи: болници, породилишта, клиники“, рече тој на собирот, додавајќи дека ситуацијата во областите под руска окупација е катастрофална.

„Воопшто нема лекови за болните од рак таму. Речиси и нема инсулин за дијабетичари. Невозможно е да се направат операции. Нема ниту антибиотици“, изјави украинскиот претседател. Русија тврди дека цели само на воени и стратешки цели.

Во еден од нападите кој наиде на општа осуда, на 9 март беше урнато породилиште во Мариупол. Русија потоа тврдеше дека сликите од нападот биле наместени и дека украинските вооружени групи ја користеле зградата на породилната болница.


Слично

Поврзани вести