Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски нема да се врати со празни раце од САД во Украина

Зеленски нема да се врати со празни раце од САД во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се врати со празни раце од САД во Украина. 

Зеленски за првпат излезе од Украина од почетокот на војната, за да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон. Ќе зборуваат за новата обемна воена помош која меѓу другото ќе вклучи една батерија од напредниот противвозудшен ракетен систем „Патриот“, нови 1,85 милијарди долари во финансиски срества и друга муниција, известува Би-Би-Си.

„Следната година мора да го вратиме украинското знаме на територијата на целата наша земја“, изјави Зеленски кога пристигна на аеродромот.

Бајден му кажа на Зеленски дека САД го поддржуваат „праведниот мир“ за Украина, велејќи му на украинскиот лидер дека неговата земја продолжува да го „импресионира светот“.  Тој му се заблагодари на Бајден за неговата голема поддршка за неговата земја. Зеленски рекол дека е „голема чест“ да се биде во САД. 

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин се правда дека војната била неизбежна и дека Русија не е виновна. Тој Украинците ги нарече браќа.

фото Твитер принтскрин

Слично

Поврзани вести