Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски не сака лош договор: Не мислам дека треба да ставиме лоша понуда на референдум

Зеленски не сака лош договор: Не мислам дека треба да ставиме лоша понуда на референдум

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека повеќе би сакал да не се согласи на никаков договор за завршување на војната со Русија, отколку да потпише лош договор за својот народ. Тој ја испрати оваа порака во интервју за магазинот „Атлантик“.

Зеленски се осврна и на шпекулациите објавени од „Фајненшл тајмс“ оваа недела, според кои планира да објави план за распишување претседателски избори и референдум за мировниот договор на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија.

Иако кабинетот на претседателот на Украина подоцна објави дека овие обвинувања се „глупости“, Зеленски призна за „Атлантик“ дека би можел да се согласи со таков потег, бидејќи тоа би ја зголемило излезноста, а на Русите би им било потешко да ги оспорат резултатите. Сепак, тој повлече црвена линија – ова ќе се случи само ако договорот за завршување на војната не е лош.

„Не мислам дека треба да ставиме лоша понуда на референдум“, рече тој.

Тој додаде дека идејата за одржување избори во средината на војната всушност дошла од Русите, бидејќи тие „сакаат да се ослободат од него“. Да ве потсетиме дека изборите во Украина се забранети со уставот додека трае воената состојба.

Иако Зеленски и цела Украина во моментов се под силен притисок од Соединетите Американски Држави да потпишат мировен договор, украинскиот лидер тврди дека нема да преземе никаков потег сè додека не добие цврсти безбедносни гаранции од Соединетите Американски Држави(САД) и Европската Унија(ЕУ).

Зеленски претходно тврдеше дека безбедносните гаранции се „100 проценти подготвени“ и дека само чекаат потпис. Сепак, подоцна призна дека неколку прашања во врска со тие гаранции сè уште не се решени.

Според списанието, гаранциите што моментално ги нудат САД се премногу нејасни и необврзувачки, поради што Зеленски сега не се согласува со нив.

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести