Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски не сака да ги расипе односите со Макрон, но има порака за Ле Пен

Зеленски не сака да ги расипе односите со Макрон, но има порака за Ле Пен

Ако таа сфати дека е измамена нашиот однос може да се промени, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски за кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен. 

Тој рече дека не сака да ги расипе односите со Емануел Макрон, кој е актуелен претседател и претседателски кандидат, пренесува BMFTV.

Марин Ле Пен има забрана да престојува во Украина од јануари 2017 година, откако ја бранеше анексијата на Крим. Таа ја осуди руската инвазија на Украина која почна на 24 февруари, но повторно повика на зближување меѓу НАТО и Русија откако војната ќе заврши. За Зеленски кажа дека премногу барал од Западот. 

Партијата на Ле Пен, Национален фронт отплаќа заем од 9 милиони евра од руската банка „Прва Чешка“ која се поврзува со Кремљ. Таа дури спомена дека ако стане претседателка на Франција, дека земјата ќе го напушти НАТО. 

Слично

Поврзани вести