Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ: Нападот во Харков немаше да се случи да имавме дозвола да нападнеме руски воени авиони

ЗЕЛЕНСКИ: Нападот во Харков немаше да се случи да имавме дозвола да нападнеме руски воени авиони

Нападот во Харков немаше да се случи да имавме дозвола да нападнеме руски воени авиони, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Тој посочи дека не постои рационална причина за ограничување на одбраната на Украина.

„Рускиот напад на Харков е само врз луѓе, врз обични куќи. Сите служби се вклучени во спасувачката операција. Ви благодариме на сите кои моментално помагаат да се спасат животи. Овој напад беше извршен од руска воздушна бомба. Нападот немаше да се случи доколку нашите одбранбени сили беа во можност да ги уништат руските воени авиони таму каде се наоѓаа. Потребни ни се силни решенија од нашите партнери за да го запреме овој терор“, напиша Зеленски на Телеграм.

Зеленски го отпушти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук по падот на Ф-16.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, за нов командант наместо Олешчук го назначи генерал-полковник Анатолиј Кривоношко. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две и пол години. 

Слично

Поврзани вести