ЗЕЛЕНСКИ НАЈАВИ РАЗМЕНА НА ТЕРИТОРИИ: Курск нема да го ослободат за џабе
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија.
„Ќе размениме една територија за друга“, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан.
Тој не даде прецизен одговор кои територии ќе ги разменат.
„Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритет“, вели Зеленски.
Тој вели дека ако САД не помага воено, само Европа нема да може да ја пополни таа празнина.
Русија окупира околу 20 отсто од територијата на Украина. На 6 август минатата година, украинските сили го окупираа Курск.
Слично
