Зеленски наговести дека договориле одлуки во корист на Украина и дека тоа е болна точка на Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе има повеќе санкции против Русија, но дека засега нема јавно да зборува за деталите.
Зеленски во видео обраќање изјави дека за рускиот претседател Владимир Путин санкциите против Русија се „една од најболните работи“, објави Укринформ.
„Иако Русите сега испратија сигнал до светот дека нивната економија не е засегната од санкциите, сите гледаат сè: редици на бензинските пумпи во Русија, банкрот на руските региони и дефицит на рускиот федерален буџет“, кажа тој.
Тој вели дека за Путин санкциите се една од најболните работи.
Зеленски кажа дека се договорени одлуки кои ќе помогнат на Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
