ЗЕЛЕНСКИ НА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА: Вели дека треба да создадат што повеќе проблеми на руската држава
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска беше во пограничната област за да се информира како се одвива офанзивата во Курск во Русија. Тoј се сретна со врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски.
„Штотуку се вратив од нашиот регион Суми, од границата, од оние области кои се граничат со непријателот и каде што нашите единици се исклучително ефикасни во одговорот на инвазијата на Русија. Со испраќање на војната таму од каде што Русија ја донесе во нашата земја, ние ја испраќаме дома, и тоа е апсолутно чесно, но покрај правдата, тоа е и многу ефикасно“, рече Зеленски на 7-миот годишен форум на ветераните „ Украина.Ветерани.Единство“, пренесе Укринформ.
Украинскиот претседател нагласи дека за да се стави крај на војната, неопходно е да и се создадат што повеќе проблеми на руската држава на нејзина територија.
„Ова е херојско дело на нашите војници. И ова херојско дело е сепопрецизно, се подалекосежно и се поефикасно“, вели Зеленски.
Тој заклучи дека сите операции што денеска ги спроведуваат одбранбените сили на Украина се систематски начин за заштита на Украина, со цел да се стави крај на војната „под услови на независна Украина“.
„Сигурен сум дека ќе го пребродиме овој пат, без разлика колку е тежок“, изјави Зеленски.
На 6 месецов, украински војници упаднаа во Курск. Голем број цивили, над 100.000 се евакуирани.
