Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ МУ ПИША НА ТРАМП: Сака нов договор со САД

ЗЕЛЕНСКИ МУ ПИША НА ТРАМП: Сака нов договор со САД

Украина сака трговски договор со Америка. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложил склучување договор за слободна трговија меѓу Украина и САД. Тој сака унапредување на економската и одбранбената соработка меѓу двете држави. Иницијативата е презентирана во писмо што украинскиот претседател му го испратил на американскиот колега Доналд Трамп.

Веста ја потврди украинскиот заменик-министер за економија и трговски претставник на Украина, Тарас Качка, кој за „Интерфакс-Украина“ изјави дека земјата е сериозно заинтересирана за ваков договор. Кажа дека иако САД не се најголем трговски партнер на Украина, тие се отворени за вакви договори со сите земји од Г7. 

„Веќе имаме договори со Обединетото Кралство, Канада и Европската Унија, а сега остануваат САД и Јапонија“, рече Качка.

Тој објасни дека украинските производители се повеќе се насочуваат кон најразвиените пазари во светот, каде што важат највисоки стандарди. 

САД и Украина неодамна го потпишаа договорот за ретки минерали. 

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Слично

Поврзани вести