Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП: Што очекува за Украина?

ЗЕЛЕНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП: Што очекува за Украина?

Според украинскиот претседател, Володимир Зеленски, политиката што ја најави американскиот претседател Доналд Трамп дава можност да се постигне траен и праведен мир. Тој му посака успех на Трамп и додаде дека се радува на „активна и заемно корисна соработка“.

Зеленски денеска му честиташе на Трамп за враќањето на претседателството на Соединетите американски држави(САД). 

Украинскиот претседател укажа на решителноста на Трамп и нагласи дека политиката „мир преку сила“ што ја најави дава можност да се зајакне американското лидерство и да се постигне траен и праведен мир.

„Овој век се оформува токму сега и мораме сите заедно да работиме да го направиме голем и успешен век за демократските земји, а не за оние кои сакаат да пропаднеме“, вели Зеленски. 
Трамп стана 47-от претседател на САД и вети дека сега почнува златното доба за Америка. 

Слично

Поврзани вести