Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ МОЛИ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА НЕБОТО: Се уништува нашата инфраструктура, се убиваат нашите дедовци и баби, нашите родители

ЗЕЛЕНСКИ МОЛИ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА НЕБОТО: Се уништува нашата инфраструктура, се убиваат нашите дедовци и баби, нашите родители

Украина моли за помош. Претседателот Володимир Зеленски повторно се обрати преку социјалните мрежи упатувајќи порака до западните земји дека доколку не го затворат небото над Украина, и натаму руската војска ќе убива луѓе. 

„Се уништува нашата инфраструктура, се убиваат нашите дедовци и баби, нашите родители, нашите идни генерации. Затворете го небото над Украина од руските авиони, направете воздушна хуманитарна зона. Ние сме луѓе и наша хуманитарна должност е да не заштитите, да ги заштитите луѓето. Тоа го можете. Ако не го сторите тоа, ако барем не ни овозможите да се браниме сами себе, може да има само еден заклучок: Вие, исто така, сакате полека да бидеме убиени. Ова е исто така должност на светските политичари, на западните лидери. Сега и секогаш“, рече Зеленски.

И Украинците кои живеат во Македонија ја испратија истата порака, НАТО да го затвори небото над Украина, за да не гинат невини луѓе. 

Денеска е уништен цивилен аеродром близу Киев. Зеленски рече дека овој аеродрон никако не ја загрозувал Русија. 


Слично

Поврзани вести