Зеленски лани ги угости новинарите во домот на своите родители и воодушеви многумина
На социјалните мрежи се шири видео кое покажува како украинскиот претседател Влодомир Зеленски ги угостил новинарите од американскиот CBS.
Тој ги повикал новинарите на појадок во домот на своите родители. Нив ги запознал со неговите родители, пишува Индекс.хр.
Видеото беше објавено на Тик Ток профилот на CBS Mornings. Тие уживале во нивно друштво, но ја запаметиле реченицата на неговите родители дека „премногу се грижат“ за своето единствено дете.
Видеото стана вирало, а некои се изненадени и пишуваат дека родителите израснале херој.
„Навистина не сакам моите портрети да висат во вашите канцеларии. Претседателот не е икона и не е идол. Претседателот не е портрет. Закачете фотографии од вашите деца и пред да донесете каква вило одлука, погледнете ги во очи“, рекол Зеленски на инаугурацијата во 2019 година.
