Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Кога не сто, туку илјада дронови летаат кон Москва, ќе го советуваат Путин да се пресели подалеку од Урал

Зеленски: Кога не сто, туку илјада дронови летаат кон Москва, ќе го советуваат Путин да се пресели подалеку од Урал

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека Украина ќе продолжи и драстично ќе ги зголеми воздушните напади врз клучните руски градови, првенствено Москва и Санкт Петербург.

Според него, ова е единствениот начин руската политичка елита и самиот руски претседател Владимир Путин да ја почувствуваат реалноста на војната што ја почнаа. Зеленски нагласи дека релативната изолација на руските метрополи од воените операции досега му овозможила на Кремљ да ги игнорира страдањата на фронтовските линии и во пограничните региони.

„Кога нашите напади со долг дострел не ги погодија Москва и Санкт Петербург, Путин не размислуваше многу за тоа. Тој разбра дека војната е далеку од Кремљ. Секако, кога ќе почне да чувствува што се случува во Москва, ќе почне да разбира што се случува во регионите Курск, Белгород и Брјанск. Ќе почне да ја чувствува реалноста“, вели Зеленски. 

Тој предвидува дека масовноста на претстојните напади ќе го принуди руското раководство да преземе радикални чекори – па дури и да го евакуира државниот врв. 

„Кога не сто, туку илјада беспилотни летала летаат кон Москва, и кога тој ќе го почувствува и види ова, тие ќе го советуваат да се пресели некаде подалеку од Урал. Ова ќе стане нова етапа на патот кон завршување на војната. Колку е подалеку Путин од Москва, толку е поблиску крајот на војната и мирот“, вели Зеленски.

Нагласува дека руската елита, која носи клучни воени одлуки, се наоѓа токму во овие два најважни града и дека со причина се плаши за своите животи.

Војната во Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести