Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Ќе продолжиме да се бориме за нашата земја без разлика на цената

Зеленски: Ќе продолжиме да се бориме за нашата земја без разлика на цената

Претседателот на Украина,  Володимир Зеленски денеска преку видео врска одржа говор пред британските политичари и ја спореди борбата на Украина против Русија со британските воени напори против нацистичка Германија во Втората светска војна.

Тој кажа дека неговите луѓе покажале херојски напор против руските сили.

„Гранатирањето не нѐ скрши“, кажа тој пред пратениците.

Украинскиот претседател порача дека ќе се бори до крај.

„Ќе продолжиме да се бориме за нашата земја без разлика на цената. Ќе се бориме во шумите, на полињата, на бреговите и на улиците. Украина нема да се откаже и нема да загубиме“, рече Зеленски.

„НАТО не работи како што треба“, рече Зеленски, мислејќи на неуспехот да се воведе зона за забранети летови.

Зборувајќи за ситуацијата во Мариупол, тој рече дека луѓето веќе почнале да паничат, а потоа рече дека во саботата загинале повеќе од 50 деца.

Бара од Британците да и помогнат на Украина и побара од нив да извршат уште поголем притисок врз Русија и да ја признаат како „терористичка земја“.

Зеленски претходно кажа дека Украина изгуби интерес за влез во НАТО и дека нема за ништо да молат на колена. 

Директорката на Националната разузнавачка служба на САД, Аврил Хејнс, изјави дека американските власти веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин се чувствува повреден поради неуспехот на Русија да ја освои Украина. 

Слично

Поврзани вести