ЗЕЛЕНСКИ: Ќе подготвиме детален план за завршување на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев заедно со своите партнери ќе подготви детален план за завршување на војната, за кој ќе се разговара на следниот мировен самит и на кој ќе бидат поканети претставници на Русија.
„Ќе подготвиме, како што рековме, детален план за завршување на војната“, вели тој.Зеленски нагласи дека „колку повеќе земји ќе се приклучат, толку повеќе земји ќе го разберат овој план детално“.
Украинскиот парламент со јасно мнозинство ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, објавија украинските медиуми и на таа функција го назначи неговиот заменик, 49-годишниот Андриј Сибиха.
Кулеба вчера поднесе оставка. Тој е на функција од 2020 година. Зеленски кажа дека сега им треба нова енергија.
Инаку, Зеленски кажа дека ќе ја задржат територијата во Курск, за да ја натера Русија на преговори.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
