Зеленски ќе наложи казните за корупција да се изедначат со оние за предавство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара построги казни за корупцијата, односно предложи да се изедначи со предавство. Вели дека ако има докази, лицето мора да биде зад решетки.
Зеленски изјави дека ќе побара од парламентот заострување на казните за оние кои се прогласени за виновни за корупција за време на војната и предложи тие казни да бидат еднакви на оние добиени за велепредавство.
„Му дадов задача на законодавното тело, а на пратениците ќе им бидат доставени моите предлози за поистоветување на корупцијата со велепредавство во војна. Мислам дека парламентот ќе го добие во наредната недела и тогаш топката е на теренот на парламентот“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.
Зеленски претходно ја наведе борбата против корупцијата како клучна за војната против Русија.
Според последниот извештај на Транспаренси Интернешнл, Украина е на 116-то место од 180 оценети земји кога станува збор за корупцијата.
Имаше смена на воени регрутери поради сомнежи дека примале мито.foto Facebook/Volodimir Zelenski
