Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ: Ќе ја принудиме Русија да склучи мир

ЗЕЛЕНСКИ: Ќе ја принудиме Русија да склучи мир

Ќе ја принудиме Русија да склучи мир, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Украинскиот претседател денеска изјави дека Русија мора да биде принудена да постигне мир бидејќи претседателот Владимир Путин сака конфликт и дека војната се враќа во Русија откако Москва ја донесе во други држави. 

Зеленски објасни дека од 1 јуни, руските сили го нападнале североисточниот регион Суми во Украина, кој се наоѓа спроти регионот Курск, речиси 2.100 пати.

„Русија им донесе војна на другите, сега (војната) им се враќа дома. Украина отсекогаш сакала само мир и ние сигурно ќе обезбедиме мир“, рече Зеленски.

Главниот воен командант на Украина, Олександар Сирски потврди дека Киев контролира околу 1.000 квадратни километри од руската област Курск, што е негов прв јавен коментар откако Украина ја почна својата најголема прекугранична офанзива во речиси две и полгодишната војна.

Слично

Поврзани вести