Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски ќе ги прекине разговорите со Москва доколку Русија го уништи украинскиот народ во Мариупол

Зеленски ќе ги прекине разговорите со Москва доколку Русија го уништи украинскиот народ во Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се закани дека ќе ги прекине преговорите со Русија. 

Зеленски нагласи дека не се плаши од средба со рускиот колега Владимир Путин. Вели дека украинскиот народ покажа дека не се плаши. 

Тој изјави дека Киев ќе ги прекине разговорите со Москва доколку Русија го уништи украинскиот народ во Мариупол и одржи „псевдореферендуми“ за создавање „псевдорепублики“ во областите окупирани од Русија, објави „Ројтерс“.

Зеленски вели дека Путин и останатите треба да завршат на суд. 

„Ќе бидат потребни години, но ќе почекаме. Ако јас и мојата генерација не го доживееме ова, нашите деца ќе живеат доволно долго за да го искусат тоа,“ порача Зеленски.

Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. И за Велигден нема примирје. Вчера во Одеса загина и бебе на возраст од 3 месеци. Досега во Белорусија и во Турција имаше разговори, но засега нема договор за прекин на војната. 

Во Мариупол, жени и деца  веќе 50 дена се кријат од руските сили во челичарницата. 

фото Принтскрин


Слично

Поврзани вести