Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Ќе ги ослободиме окупираните региони од нашата земја

Зеленски: Ќе ги ослободиме окупираните региони од нашата земја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека неговата земја повторно зазела некои области окупирани од Русија и оти ќе продолжи да се бори за да врати територии.

– Веќе успеавме да ослободиме дел од територијата окупирана по 24 февруари - рече Зеленски во своето дневно видео обраќање доцна синоќа.

Украинските сили неодамна почнаа контраофанзива на југот на земјата и пред неколку дена гранатираа руско складиште за муниција во регионот Херсон.

– Постепено, ќе ги ослободиме и другите региони од нашата земја кои во моментов се окупирани - рече Зеленски.

Пред два дена светските медиуми на големо известува за смртоносниот напад врз украинскиот град далеку од линијата на фронтот. 

Овој напад, Зеленски го окарактеризира како „отворен чин на тероризам“.

Проектили погодиле паркинг на деветкатна канцелариска блок во Виниција, југозападно од Киев и далеку од срцето на борбите во Донбас. околу 10:50 часот (07:50 по Гринич), соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби.

Станбени згради беа погодени и во центарот на Виниција, која има околу 370.000 жители. Имаше мали шанси да се најдат преживеани, изјави висок претставник на регионалната служба за итни случаи за локалната телевизија. Најмалку три деца беа меѓу 20 убиени лица.

- Русија секој ден убива цивили, убива украински деца, врши ракетни напади врз цивилни објекти каде што нема воена цел. Што е ова, ако не отворен чин на тероризам - праша Зеленски во изјавата на социјалните мрежи.

Слично

Поврзани вести