Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ДАДЕ ОРУЖЈЕ НА СЕКОЈ ШТО САКА ДА ЈА БРАНИ УКРАИНА: Ќе следи ли ослободување на затворениците-различни толкувања кому се ќе биде дадено оружје

ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ДАДЕ ОРУЖЈЕ НА СЕКОЈ ШТО САКА ДА ЈА БРАНИ УКРАИНА: Ќе следи ли ослободување на затворениците-различни толкувања кому се ќе биде дадено оружје

„Ќе му дадеме оружје на секој што сака да ја брани земјата. Бидете подготвени да ја поддржите Украина на плоштадите на нашите градови“, напиша Зеленски на својот Твитер профил, додавајќи: „Ќе ги укинеме санкциите за сите граѓани на Украина кои се подготвени во рамки на териоторијалната одбрана да ја бранат земјата со оружје во нивните раце, односно дека ќе ги амнестира сите оние кои ќе застанат во одбрана на Украина.

Многумина, во коментарите под објавата ја протолкуваа неговата изјава како одлука за намалување на казните или ослободување затвореници кои ќе изберат да се борат, додека други рекоа дека тој можеби сакал да каже дека нема да ги казнува граѓаните кои (иако нелегално) поседуваат оружје и решиле да го користат за одбрана на Украина.

Во твит претходно, тој ја спореди Русија со нацистичка Германија:

Русија предавнички ја нападна нашата земја изутрина, како што тоа го направи нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Нашите земји од денес се на различни страни од светската историја. Русија тргна по патот на злото, но Украина се брани и нема да се откаже од слободата без разлика што мисли Москва“, заклучи тој.


Слично

Поврзани вести