Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски кажа на кој начин може да се спаси Украина

Зеленски кажа на кој начин може да се спаси Украина

На Украина и треба помош, потребно ѝ е оружје, но и бродовите и танкерите од руски интерес да немаат пристап до европските пристаништа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави дописничката на МИА од Атина.

„Слобода или смрт велеа вашите револуционери, истото го велиме и ние сега, бидејќи се соочуваме со желба да се уништи Украина“, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски за време на неговиот говор, преку видеоконференција, во грчкиот Парламент. 

Вели дека не треба да му се дозволи на никој брод регистриран за руски интереси да пристгнува на европските пристаништа. Рече дека парите што ги добиваат на овој начин, ги користат за ракети и проектили со кои ги уништуваат украинските градови.

„Никаков прием за руските танкер. На Украина потребни ѝ и се санкциите, но исто така потребно ѝ е и оружје. Ни требаат противвоздушни системи противтенковски, оклопни возила и низа други работи кои нашите западни сојузници ги знаат многу добро. И само вака ќе можеме да ја спасиме Украина и ако ја имаме оваа поддршка и солидарност, ќе ја спасиме“, истакна украинскиот претседател.

На 24 февруари, Русија ја нападна Украина. Војната се уште трае. И покрај неколку рудни преговори, на повидок нема решение. 

Уништени се повеќе градови. Во Буча имаше масакр на цивили, за кој Русија пак тврди дека е исцениран. 

Слично

Поврзани вести