Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски кажа колку држави се вклучени во договорите за дронови со Украина

Зеленски кажа колку држави се вклучени во договорите за дронови со Украина

Речиси 20 држави се вклучени во договорите за дронови со Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека досега речиси 20 држави се вклучени во договорите за дронови.

„Продолжуваме со речиси секојдневна комуникација со претставници на САД. Рустем Умеров денеска ме информира за резултатите од неговите состаноци со Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Важно е Америка да остане ангажирана во дипломатијата и особено да дејствува како посредник во прашањето за размена на затвореници“, објави Зеленски на платформата „Икс“.

Тој наведе дека Умеров доставил посебен детален извештај за контактите со земјите заинтересирани за договори за беспилотни летала со Украина.

„Речиси 20 земји во моментот се вклучени во разни фази. Четири договори веќе се потпишани, а првите договори во рамките на овие договори сега се подготвуваат. Во тек се подготвителни процедури со други земји за политички аранжмани што ќе го отворат патот за компаниите“, наведе Зеленски.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. Инаку, Украина воено соработува со повеќе земји, а развива и свое оружје. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести