Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски кажа дека немале доволно оружје за ослободување на Мариупол

Зеленски кажа дека немале доволно оружје за ослободување на Мариупол

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски призна дека немале доволно оружје за ослободување на украинскиот град Мариупол. 

Украинскиот претседател предупреди дека руската блокада на пристаништата ја загрозува глобалната безбедност на храната.  Зеленски повторно повика на воена помош и европско ембарго на руската нафта.

„Руските енергетски ресурси не се само стока. Вреди да се ослободиме од нив, особено од нафтата, бидејќи навистина се работи за слобода. „Заштитата на слободата има своја цена“, додаде тој.

Според Киев, во фабриката Азовстал во Мариупол се уште има цивили, иако евакуацијата е завршена. Повеќе од 8 милиони Украинци се внатрешно раселени од почетокот на војната, соопштија Обединетите нации. 

Слично

Поврзани вести