Зеленски кажа дека на Русија нема да и дадат ниту една педа од својата земја
Украина не сака да ѝ отстапи ни педа од својата територија на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој за Си-ен-ен кажа дека дека отстапувањето украинска територија нема да биде дел од дипломатските мировни преговори.
„Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека овие територии ѝ припаѓаат на Русија. Ова е наша земја. Ние секогаш зборуваме за тоа и имаме намера да го докажеме тоа“, додаде тој.
Од почетокот на инвазијата на 24 февруари, руските сили ја презедоа контролата врз голем дел од територијата низ јужното крило на Украина над Крим. Во повеќе наврати украинските власти кажаа дека нема да прават компромис за територија.
Слично
