Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски излезе на улиците на Киев и испрати само една порака до граѓаните (ВИДЕО)

Зеленски излезе на улиците на Киев и испрати само една порака до граѓаните (ВИДЕО)

Зеленски рече дека се погодени енергетските капацитети во Киев, Лавов, Днепро, Виница, Запорожје, Харков и други региони.

Руските напади се насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој излезе на улиците на Киев по серијата експлозии што утрово го потресоа главниот град, но и многу други градови.

Зеленски рече дека се погодени енергетските капацитети во Киев, Лавов, Днепар, Виница, Запорожје, Харков и други региони.

- Сакаат паника и хаос, сакаат да ни го уништат енергетскиот систем. Тие се безнадежни – рече Зеленски во објава на социјалните мрежи.


Украинскиот лидер потоа додаде дека втората цел се луѓето.

- Такво време и такви цели беа специјално избрани за да предизвикаат што поголема штета - рече Зеленски и ги повика луѓето да останат во прифатилишта.

Зеленски се снимал на улица во Киев, што го видовме неколку пати на почетокот на војната.


ФОТО: Printskrin: Facebook/Володимир Зеленський


Слично

Поврзани вести