Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ ИМАЛ ПРЕДЛОГ И ЗА ФРАНЦУЗИТЕ: И нив им требаат ретките минерали

ЗЕЛЕНСКИ ИМАЛ ПРЕДЛОГ И ЗА ФРАНЦУЗИТЕ: И нив им требаат ретките минерали

И Французите ги сакаат украинските ретки минерали. 

„Франција бара пристап до украинските рудни богатства за својата одбранбена индустрија“, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорн.

Во изјавата за француското радио „Франс инфо“, Лекорн објасни дека преговорите со Украина за вредните ретки минерали за француската одобранбена индустрија траат од октомври.

„На нашата одбранбена индустрија ѝ се потребни повеќе ретки минерали за нашите вооружени системи, не само за идната година, туку за идните 30 или 40 години“, изјави францискиот министер.

Министерот рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски изнел низа предлози, не само за Американците туку и за Франција. На Зеленски и на Украина во моментот им се најважни безбедносни гаранции за да се спречи во иднина нов напад од Русија.

Во текот на неодамнешниот престој во Париз, Зеленски го постави тоа прашање како дел од својата долгорочна стратешка визија за Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Зеленски ќе потпише многу важен договор за украинските ретки минерали кога во петок ќе ја посети Белата куќа.

Владата на Украина денеска ги овласти министрите за економија и за надворешни работи да го потпишат рамковниот договор со Вашингтон за експлоатација на украинските минерални ресурси.

Јулија Свидиренко или Андриј Сибиха ќе го потпишат „билатералниот договор, со кој се утврдуваат правилата и условите за планираниот инвестициски фонд за реконструкција“, наведе украинската Влада.

Предвидено е претседателот на Украина, Володмир Зеленски утре во Вашингтон да го финализира договорот за ретките минерали, според кој приходите од експлоатацијата на минералите ќе бидат депонирани во заеднички американско-украински фонд.

Украина наводно располага со околу пет отсто од светските минерални ресурси, но тие што ги сака Трамп се главно неискористени, тешко се вадат или де факто се под руска контрола, бидејќи се наоѓаат на окупираните територии. 

Слично

Поврзани вести