Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ ИМА ПЛАН ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ВОЈНАТА: Ќе го претстави на Камала Харис, Трамп и Бајден

ЗЕЛЕНСКИ ИМА ПЛАН ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ВОЈНАТА: Ќе го претстави на Камала Харис, Трамп и Бајден

На САД ќе им презентирам план за завршување на војната со Русија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Објаснува дека планот ќе вклучува дипломатски и економски чекори, независни од украинската инвазија на Курск, што е исто така дел од стратегијата за охрабрување на Москва да почне мировни преговори. 

Зеленски рече дека мировниот план ќе им биде претставен на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп, како и на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден.

„Планот ќе вклучува дипломатски и економски чекори, независни од украинската инвазија на Курск, што е исто така дел од стратегијата за охрабрување на Москва да почне мировни преговори“, посочи Зеленски.

Тој претходно изјави дека Украина успешно ја тестирала својата прва домашна балистичка ракета, но не откри детали за оружјето.

Генералот Олександр Сирски изјави дека продолжува украинската офанзива врз руската територија Курск. Поминаа повеќе од две и пол години од почетокот на војната во Украина. Русија бараше денацификација, демилитаризација на Украина и независност на Доњецк и Луганск. Потоа условите ги сменија во ослободување на Донбас. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести