Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски го замрзна имотот на девет свештеници и милијардер кој ја финансирал Руската православна црква

Зеленски го замрзна имотот на девет свештеници и милијардер кој ја финансирал Руската православна црква

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за еден од најбогатите украински бизнисмени и девет високи свештеници поврзани со Руската православна црква, замрзнувајќи ги нивните имоти на пет години.

Според Ројтерс, ова е најновата во низата мерки преземени од Зеленски против Руската православна црква, која ја поддржа руската инвазија на Украина.

Во указот објавен на веб-страницата на Зеленски, се наведува дека се воведени санкции за Владимир Новински, чие богатство пред војната украинското издание на магазинот Форбс го проценуваше меѓу 1,3 и 3,5 милијарди долари, пренесува Танјуг.

Новински, за кој се верува дека моментално е во Германија, ја носи титулата ѓакон и во минатото спонзорирал огранок на Украинската православна црква, кој наводно бил поврзан со Москва, пренесува Ројтерс.

Санкции беа изречени и за викарот на манастирот Печерска Лавра од Киев, Павел Лебед, како и за други свештеници од регионалните ограноци на црквата на истокот и југот на Украина.

Британската новинска агенција потсетува дека претходно оваа недела беа воведени санкции за 22 Руси поврзани со Руската православна црква.


Слично

Поврзани вести