Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски го подигна украинското знаме во ослободениот Изјум

Зеленски го подигна украинското знаме во ослободениот Изјум

Украинците ги враќаат окупираните градови под своја контрола. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети градот Изјум, им се заблагодари на војниците и го подигна знамето. 

Тој свечено го подигна украинското знаме над зградата на градскиот совет, соопшти украинската воена бригада, пренесува „Ројтерс“. Претседателот накратко зборуваше за новинарите, велејќи дека сцената во Изјум, кој АП го опишува како уништен град, е многу шокантна.  Руските сили го напуштија Изјум минатата недела, а Украина напредуваше во голема контраофанзива. Зеленски го повика Западот да ја забрза испораката на оружје. 

Во близината на Харков, ослободени се над 20 села. 

Украинската армија вчера влезе во Вовчанск, град на северот од областа Харков, во близина на границата со Русија.

фото Твитер

Слично

Поврзани вести