Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски ги замрзна имотите на Јанукович и Дерипаска на 10 години

Зеленски ги замрзна имотите на Јанукович и Дерипаска на 10 години

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за замрзнување на имотот на поранешниот претседател Виктор Јанукович и рускиот бизнисмен Олег Дерипаска. Во документот објавен на веб-страницата на Зеленски, се прецизира дека се работи за привремено блокирање на имот на 10 години.

Тој наведува дека со оваа мерка се опфатени членот на Управниот одбор на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, Павел Лебедев и сопственикот на групацијата компании Гас Украина, Сергеј Курченко, пренесува РИА Новости.

Претходно овој месец, украинските медиуми објавија дека Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одобрил список на санкции, вклучувајќи ги бизнисмените Евгениј Пригожин, Олег Дерипаска, Роман Абрамович, украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко, поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович и неговиот син Александар, како и патријархот московски и на цела Русија Кирил.


Слично

Поврзани вести