Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски ги повика луѓето да заминат од Доњецк, и вети компензација

Зеленски ги повика луѓето да заминат од Доњецк, и вети компензација

Колку повеќе луѓе го напуштат регионот Доњецк сега, толку помалку луѓе руската армија ќе има време да убие, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски, додавајќи дека на жителите кои заминале ќе им биде дадена компензација, објави Ројтерс.

Стотици илјади луѓе, вклучително и деца и постари лица, остануваат во борбените зони на поширокиот регион Донбас, кој ги опфаќа Доњецк и Луганск. Најмалку 53 украински воени заробеници биле убиени во напад на затворот Оленивка во петокот.  Зеленски денеска изјави дека годинашнава жетва би можела да биде на половина од вообичаената, поради руската инвазија на Украина. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. 

Слично

Поврзани вести