Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски ги опомена своите функционери да не ги откриваат плановите за одбрана

Зеленски ги опомена своите функционери да не ги откриваат плановите за одбрана

Претседателот на Украина,  Володимир Зеленски ги опомена своите функционери. 

Тој им кажа вчера на државните, локалните и воените функционери да престанат да разговараат со новинари за воената тактика на Украина против Русија, кажувајќи дека таквите забелешки се „искрено неодговорни“.

„Војната дефинитивно не е време за суета и гласни изјави. Што помалку детали откривате за нашите планови за одбрана, толку ќе биде подобро за спроведувањето на тие планови за одбрана. Ако сакате да генерирате гласни наслови, тоа е друга работа, но е искрено неодговорно. Ако сакате победа на Украина треба да бидете свесни за својата одговорност за секој збор кој ќе го кажете за плановите на нашата држава за одбрана или противнапади“, кажа Зеленски.

Тој своите коментари им ги упати на државните, локалните и воените функционери, како и на други луѓе кои, како што кажа, ги коментираат случувањата на фронтот.

Деновиве имаше напад на Крим. Заменичката на украинскиот премиер, Ирина Верешчук изјави дека експлозиите во Новофедеривка се уште еден потсетник за тоа на кого му припаѓа Крим. Претходно, и украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников кажуваше какви планови има и колкав број на луѓе планира да вооружи. Детално се објавуваат информации и за типот на оружје кое Украина го добива од другите земји. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. 

фото ЕPA EFE

Слично

Поврзани вести