Зеленски ги нарече Русите терористи, нови напади има во Одеса
Руските сили денеска изведоа напади на поморско село близу градот Одеса и пристаништето Миколаев, информираа украинските власти.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави видео на социјалните мрежи, каде може да се видат уништени куќи во Затока, популарно летувалиште на Црното Море.
„Утро е, вообичаеното село Затока. Луѓето се одмараа и живееја. Без бази, без војници. Руските терористи само сакаа да пукаат”, напиша Зеленски.
Во Одеса се погодени станбени згради во крајбрежни квартови, а според првичните информации нема жртви. Јужната команда на украинската војска денеска соопшти за бројни ракетни напади во јужниот дел на Украина со употреба на авиони. Цел на нападите била пристанишната инфраструктура во регионот на Миколаев.
Украина доби неколку повеќенаменски ракетни лансири и три самоодни хаубици од Германија, изјави министерката за одбрана Кристин Ламбрехт, пренесе ДПА. Војната влезе во шестиот месец.фото Твитер
