Зеленски: Европа да ги затвори своите поморски пристаништа за Русија
Повеќе оружје и Европа да ги затвори своите поморски пристаништа за Русија, побара украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој побара противбродски ракети, ракети Харпун, противвоздушни ракетни системи и противтенковски пушки. Зеленски рече дека Русија ги блокира поморските пристаништа на Украина, што е еднакво на пиратерија.
„Русија не треба да може слободно да ги користи светските пристаништа. Ова е прашање на глобална поморска безбедност“, рече тој.
Претседателот вели дека иднината на „целиот континент, од север кон југ, од исток кон запад, се решава токму сега“ во Украина. Toj во повеќе наврати бараше построги санкции за Русија.
Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
Слично
