Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

Украинските власти веруваат дека во 2025 година војната со Русија ќе заврши. 

Зеленски изјави дека има големи шанси војната да заврши идната година, објави Укинформ.

„За тоа кога војната ќе заврши…ќе заврши кога Русија ќе одлучи дека сака да ја заврши војната. Кога САД ќе заземе посилна позиција. Кога глобалниот југ ќе застане со Украина и во насока на завршување на војната“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека е убеден дека овие работи ќе се случат порано или подоцна и дека одлуките ќе бидат донесени.

„Ова ќе биде тежок пат, но јас сум убеден дека има шанси да се постигне мир следната година“, вели Зеленски.

Тој појасни дека постојат клучни чекори кои треба да се направат за да се заврши војната, согласно украинската формула за мир.

„Сфаќаме дека Русија нема да се согласи со сите овие чекори, но тука се Обединетите нации и сите наши активности се базирани на нивните правила и закони. Се надеваме дека чекорите ќе бидат поддржани од нашите партнери“, вели Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека се отворени за предлози од лидерите на африканските, азиските и арапските земји, како и од новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Најново, Русија се закани на Јужна Кореја, дека ако прати оружје на Украина, тие ќе се одмаздат. 

Фото: X/ZelenskyyUa

Слично

Поврзани вести